Македонија ја потпиша Декларацијата за Европски зелен појас

Bez autora
Sep 05 2013

Заменик министерот за животна средина, Стево Темелковски во Берлин на свечената церемонија по повод обележување на 10-годишнината од започнувањето на Иницијативата - Европски зелен појас, во име на Владата на Република Македонија, ја потпиша Декларацијата за намера за Европски зелен појас. Темелковски нагласи дека развојот на иницијативата за Европски зелен појас претставува важен меѓународен механизам за прекугранична соработка за заштитата и управување со природното наследство, заштитените подрачја, за одржување на биокоридорите и, воопшто, развојот и одржување на еколошките мрежи.

Македонија ја потпиша Декларацијата за Европски зелен појасЗаменик министерот за животна средина, Стево Темелковски во Берлин на свечената церемонија по повод обележување на 10-годишнината од започнувањето на Иницијативата - Европски зелен појас, во име на Владата на Република Македонија, ја потпиша Декларацијата за намера за Европски зелен појас.

Темелковски нагласи дека развојот на иницијативата за Европски зелен појас претставува важен меѓународен механизам за прекугранична соработка за заштитата и управување со природното наследство, заштитените подрачја, за одржување на биокоридорите и, воопшто, развојот и одржување на еколошките мрежи.

- Со потпишувањето на Заедничката Декларација за намера за Европскиот зелен појас, Република Македонија дава јасен став и придонес кон зајакнување на меѓународната соработка и политиките за заштита на животната средина и природата, со цел зачувување на природното наследство во неговата автентична состојба и негово зачувување за идните генерации - рече заменик министерот Темелковски.

Европскиот зелен појас има клучна улога во зачувувањето на биолошката разновидност и претставува мрежа која поврзува простори со исклучителни вредности со цел заштита на природните вредности по границите на некогашната железна завесаа. Минува низ 24 земји и се протега од Баренцовото Море до Црното Море.

Зелениот појас во Македонија, како дел од Балканскиот зелен појас, се простира по должината на границата на Република Македонија со соседните земји (Бугарија, Грција и Албанија), притоа опфаќајќи шумски, планински, тревести и водни екосистеми. Оваа иницијатива се користи како алатка за воспоставување на прекугранични заштитени подрачја со цел соодветна заштита и зачувување на дивите видови. Површината на македонскиот зелен појас изнесува 5.125 квадратни километри што претставува околу 19,9% од вкупната површина на Република Македонија.

Македонскиот зелен појас опфаќа 11 заштитени подрачја и тоа националните паркови - Пелистер, Маврово и Галичица, спомениците на природата - Охридско Езеро, Преспанско Езеро, Дојранско Езеро, Вевчански Извори, Смоларски Водопад, Колешински Водопад и Мајдан, како и Паркот на природата - Езерани на Преспанското Езеро.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik